Хотел Монтана Палас

ул. Питу Гули, бб,

7550 Крушево, Македонија

Телефон: +389 (0)48 477-121

                +389 (0)76 444-102

E-mail: info@montanapalace.com

Меѓу природата Montana Palace HOTEL Home РЕЗЕРВИРАЈ Истражи ја дестинацијата
ХОТЕЛ ГАЛЕРИЈА
ДОМА Услуги Котакт Крушево
Храна MICE Тим Билдинг Авантури
Брза Wi-Fi  Конекција Car Rental / Shuttle
Мечкин Камен Крушево Преображение манастир Крушево Етно Град Крушево Традиционална архитектура Крушево Заборавената република Крушево Споменик Македониум Крушево Македонија “Скриено во планинте оригинално место”

ПРЕКРАСЕН ПЛАНИНСКИ ГРАД

Крушево е мал град во Западна Македонија. Историски Крушево е центарот на Македонското востание Илинден. Денес е главната локација за државните прослави на 2ри Август кои што се традиција. Крушево е центар на Влашкото малцинство во Македонија.

Крушево е познато како првата Балканска република и највисокиот град во Македонија. Се развил во голем и просперитетен град во 18ти век.

ЗА КРУШЕВО

Богато со историја и приказни Крушево ќе Ви запрепасти. Одиме:

Крушево е познато како првата Балканска република и највисокиот град во Македонија. Се развило во голем и просперитетен град во 18ти век.

Бил населен од Македонските власи и Македонците од регионот Река во Западна Македонија, наречени Мијаци. И двете групи страдале од Али Паша Јанински, Албански аристократ, и неговата армија, по што се собрале во Битло барајќи помош од Турската администрација. Гувернерот понудил да им дозволи да останат во Битола и Власите кои биле трговци и златари прифатиле, но Мијаците и Власите кои што имале стада со овци и биле навикнати на жвиот во планините немале што да прават во Битола, па така им било дозволено да направат свој сопствен град.

Тоа била добра комбинација, затоа што Власите биле богати а Мијаците биле најдобрите градители на Балканот. Двете групи имале софистиран осет за естетика, така што го креирале прекрасниот град Крушево кој што го имаме до денес.

На 2ри Август 1903 Илинденското Востание започнало во Крушево, најголемото востание на Македонците против Турците. На ослободената територија била формирана Крушевска Република која што траела 10 дена а како претседател бил Никола Карев. Тој го напишал Крушевскиот Манифест кој што повикувал на сите луѓе што живеат во Македонија да им се придружат во борбата за слобода.