Белград Саем за Туризам 2019

Белград Саем 2019

Со гордост објавуваме за нашите први интернационални маркетиншки напори. Се одлучивме да се презентираме на Белград Саем за Туризам 2019 во Србија. Ни сме дел од Македонскиот штанд. Заедно сме со многу од нашите колеги кои што го презентираат потенцијалот на Македонија и Крушево.

Овој саем трае од 21.02.2019 до 24.02.2019. Секоја година има илјадници посетители кои бараат места за одмор, забава и бизнис.

Знаење - Проект

Знаење

Ние во Хотел Монтана сме свесни дека знаење е најважното нешто. Трошиме најмалку пола од нашиот живот за собирање колку што е можно повеќе знаење. И на крај никогаш не е доволно. Во Хотел Монтана одлучивме да лансираме ваков проект за 2019 година, за да помогнеме на регионот. 

Параглајдинг и змајарство во Крушево 2018

Змајар над Крушево 2018

Ова лето 2018 е при крај. Имавме задоволство да работиме со пилоти од областа на параглајдинг и змајарство од секое ќоше на светот. Крушево е сега светла точка на светската мапа за овие две активности. Тоа е директен резултат на долгогодишна напорна и чесна работа. Заслуги за целиот тим на Хотел Монтана, организаторите на овие настани и официјалните лица на Општина Крушево.

Добредојдовте во Хотел Монтана

Pub Summer Terrace

Добредојдовте на нашата нова веб страна. Ја дизајниравме на тој начин да може најдобро да го рефлектира нашиот хотел и нашите напори да ви овозможиме пријатно искуство во Хотелот Монтана.