Знаење - Проект

Знаење

Ние во Хотел Монтана сме свесни дека знаење е најважното нешто. Трошиме најмалку пола од нашиот живот за собирање колку што е можно повеќе знаење. И на крај никогаш не е доволно. Во Хотел Монтана одлучивме да лансираме ваков проект за 2019 година, за да помогнеме на регионот. 

Зошто сакаме да помогнеме на регионот? Го гледаме како место каде што сакаме да посееме семе на знаење. На овој начин ние, како хотел Монтана, и секој друг економски оператор во регионот ќе може да го ожнее продуктот на ова семе. Ова ќе не направи сите малку посилни во блиска иднина, како што чекориме еден чекор напред во овој свет. 

Знаењето не е бесплатно, но незнаењето е многу поскапо.

Како можеме да Ви помогнеме на Вашиот пат кон знаење?

Нашиот мал придонес ќе биде во форма на професионални книги. Секоја индивидуа може да се пријави за професионална книга без разлика на возраст, образование или моментален статус во образовна институција. Што и да сакате да пробате во животот ние сме тука да Ви дадеме книга, во текот на Вашите први, втори или подоцнежни чекори во Вашата професија. 

знаење

Ве молиме прочитајте ги следниве услови внимателно:

  • Апликантот мора да има перманентна адреса во една од следниве општини во Македонија: Крушево, Кривогаштани или Демир Хисар. 
  • Апликант може да е само физичко лице. 
  • Книгата мора да е професионална книга во било која област. Екстра поени добиваат апликанти кои што сакаат да купат професионална книга во областа на туризмот. 
  • Екстра поени се добиваат доколку книгата е позната книга, прифатена од академскиот свет, користена во повеќе образовни институции. 
  • Задржуваме право да одбиеме апликација за книга со разни контроверзни и/или експлицитни содржини.
  • Еден апликант може да аплицира за до три книги.
  • Еден апликант може да аплицира за само една копија од секоја книга. 
  • Нема лимит на јазикот на книгата. Можете да аплицирате за книга од било кој јазик што Ви е познат. Екстра поени добиваат апликанти кои што аплицираат за книги напишани на еден од следниве странски јазици: Англиски, Германски, Француски, Шпански. 
  • Книгата може да е и електронска верзија за симнување со плаќање со кредитна картичка.
  • Доколку книгата треба да се носи од друга држава, апликантот треба да се осигури дека сервисот (пр. Amazon) доставува книги до Македонија или Грција и дека сервисот прифаќа кредитни картички како начин на плаќање. 
  • Кеш плаќања не се прифаќаат. Можеме да купуваме само од компании / продвачи кои што се активни во продажба на нови или користени книги. 
  • Доколку добиеме повеќе барања од она што го дозволува нашиот буџет за 2019 година го задржуваме правото да ги одбиеме последните апликанти.  

Како да аплицирате?

Припремете ги следниве документи:

  1. Пополнете го следниов формулар.
  2. Скенирајте ја Вашата лична карта или Вашиот пасош, а ако немате достапен скенер направете добра фотографија на двете страни на личната карта или на пасошот.
  3. Ако сте запишани на некој Универзитет скенирајте ги Вашите документи за упис и индекс за да можеме да го видиме Вашиот прогрес. 
  4. Ако имате завршено високо или подобро образование скенирајте ја Вашата диплома.
  5. Помладите апликанти треба да ни испратат индекс со нивните оценки од средно школо. 

Испратете ги собраните документи на следната e-mail адреса: znaenje@montana.mk

Колку долго треба да се процесира мојата апликација

Ве молиме дајте ни до 5 работни денови за да ја процесираме Вашата апликација. Ве молиме осигурете се дека скенираните документи или фотографиите се убаво читливи. Исто така Ве молиме внимателно пополнете го формуларот. Доколку не го направите сето ова внимателно, што би резултирало со лошо пополнет формулар или лош квалитет на скенирани или фотографирани документи, го задржуваме правото да Ви ја одбиеме апликацијата.