Хотелски Паб со камин

Прекрасен паб во рустика стил во средината на хотелот, со убав поглед кон градот.
Хотелски Паб во Крушево
Летна тераса од Паб
Хотелски Паб во Крушево
Маса во Паб во Хотел Монтана
Детска игротека
Хотелски Паб во Крушево
Хотелски Паб во Крушево

Хотел Монтана Палас има прекрасен хотелски паб со магичен поглед. Ентериерот е дизајниран во стил рустика, со темно дрво. Исто така има и камин за зимски периоди. Нема подобро место за во зимски период во целиот регион. Вашите мали деца може да бидат среќни во нашата игротека, заграден дел, како Вие би уживале во Вашиот престој. 

Паботе е место каде што може да уживате во храна и пијалаци во голем дел од годината. Само за време на сезона ја ограничуваме услугата за храна и таа се префрла во ресторанот. Се обидуваме тоа да е што е можно поретко. За време на вакви моменти има јавна објава и ги препраќаме нашите гости кои што сакаат да имаат оброк во нашиот ресторан. 

Работните часови се од 07:00 до 23:00. Затворањето на пабот вообичаено се одлага за време на сезона. Доколку групите кои престојуваат во нашиот хотел се помали ние го затвораме ресторанот и ги служиме доручекот, ручекот и вечерата на шведска маса во овој паб. 

Овој паб има место за околу 100 гости, зависно од начинот на седење. Ова е најпопуларното место за банкети, коктели и други видови на забави. Оваа е просторијата во која секогаш се организира караоке како вежба за тим билдинг. Терасата со поглед кон шума е убав додаток за жешките лета. 

Хотелскиот паб е лесно достапен од нашето лоби, и мора да се помине низ него за да стигнете до нашата конгресна сала и мала канцеларија. Дополнително можете да влезете во пабот и од самата улица низ нашата летна тераса. 

Изнајување на нашиот хотелски паб

Во координација со менаџментот можеме да направиме аранжман да се изнајми пабот за специјални прилики и да се затвори за јавноста. Ве молиме забележете дека менаџментот го задржува правото да одбие изнајмување доколку периодот кој се бара паѓа во висока сезона. 

Коктел забава организирана во нашиот хотелски паб

Во последните години пабот е користн како локација за многу мали настани од различни видови. Прекрасната и топла околина го прават соврешно место. 

Ако имате група на луѓе што ќе престојуваат во нашиот хотел, можеме да организираме најразлични типови на забава во пабот за вас. Во минатото имаме организирано караоке, забави со DJ, музика во живо итн... Исто така можеме и да ја изнајмиме аудио и видео опремата. Во минатото имаме помагано и со теми на забавата и специјални коктели. Пабот има временска граница која мора да се почитува, забавата мора да заврши до 01:00 наутро. 

Пабот има претрпено реорганизација за најразлични презентации на храна и други продукти. Распоредот на масите не е фиксен, па со добра организација ние сме спремни да го уредиме целиот простор согласно вашите потреби. Можеме да помогнеме и со подесување на светлото, како и други аудио - визуелни ефекти.

Ако едноставно сакате топла просторија за спроведување на дискусија или дебата, нема подобро место од нашиот паб. Можеме да го организираме просторот според вашата замисла и побарувања, и исто така можеме да ви помогнеме со аудио - визуелната опрема потребна за вашиот настан.