Конгресна Сала во Крушево

Огромна конгресна сала прикладна за најразлични настани
Конгресна Сала во Хотел Монтана во Крушево
Конгресна Сала во Крушево
Конгресна Сала во Крушево

Нашиот хотел има посебен оддел изграден за големи бизнис настани. Главна карактеристика е огромната конгресна сала со 330 седишта. Со цел поддршка на такви поголеми настани целиот оддел има посебен влез од хотелот. Посебен ходник за прием Ве води директно во конгресната сала. На другиот крај на конгресната сала можете да најдете убава тераса со поглед на Крушево. Терасата е сосем голема за да се организира кафе пауза доколку е убаво времето. 

Посебен влез кон нашата конгресна сала

Нашата конгресна сала може да смести големи групи за јавни настани. Можете да имате до 330 луѓе да присуствуваат со седење во оваа просторија. Седењето е фиксно и нема простор за модификации. Бината е доволно голема за повеќе активности. Бината исто така има и приватен дел каде што можете да складирате опрема во позадина. 

Се наоѓа во близина на хотелскиот паб, па лесно можете да ги организирате кафе паузите. Греењето е изградено на тој начин да е секогаш присутно, но колку е можно потивко. Исто така, го имаме поголемиот дел од потребната опрема за аудио - визуелна поддршка на настани. Дел од опремата која што ја имам вклучува видео проектор, систем за озвучување, видео конвертер и безжични микрофони. 

Друга карактеристика на овој оддел е одделната канцеларија што е дел од пакетот при изнајмување на конгресната сала. Тоа е голема практична канцеларија што можете да ја користите за чување на сите материјали и опрема потребни за вашиот настан. Можете исто така да ја користите како приватен дел за да го соберете Вашиот тим и да го организирате настанот.

Интернет поврзаност во нашата Конгресна Сала

Оваа конгресна сала е користена многу често за настани кои се емитуваат директно од интернет. Покрај AC WiFi покриеност, постои можност за жична конекција во позадина, за непрекинат пренос. Брзината на download & upload е 200 Mbit/s што е повеќе од доволно за една таква активност. 

Нашата конгресна сала е користена на многу начини во минатото. Следат неколку примери: 

Ако треба да организирате голем собир во мирна околина, ние сме вистинското место. Оваа просторија е дизајнирана за такви настани. 

Нашата конгресна сала е сосема соодветна за презентации од ваков вид. Има огромна бина, секој посетител има добар поглед на бината и ја поседуваме потребната визуелна опрема за поддршка на една таква презентација.

Конгресната сала е дизајнирана за совршена акустика. Како и да ги уредите иструментите и звучниците, ќе им овозможите на Вашите гости целосно уживање во дадениот звук.

Ако сакате да организирате голем едукативен настан, нема подобро место од нашата конгресна сала. Се наоѓа во тивка околина каде што Вие и Вашите гости ќе можете да се фокусирате на тоа што е важно.