Голема просторија за состаноци

Голема просторија за состаноци

За организирање на многу едукативни настани и тим билдинг настани имаме голема просторија за состаноци, со огромна тераса со поглед према Крушево. Седењето може да се направи на повеќе начини, и зависно од аранжманот може да се сместат од 20 до 100 гости. 

Лоцирана е еден кат под нашето лоби. Локацијата ја прави оваа просторија многу тивко место. Големата просторија за состаноци има и свој сет на тоалети како би се намалило времето потребно за паузи. 

Летна лоби тераса

Summer Lobby Terrace

Не бевме изненадени кога видовме дека оваа тераса е многу популарна кај нашите гости, но тоа што не изненади е фактот што скоро никогаш не може да се најде слободна маса на оваа тераса за време на летото. 

Поголемиот дел од денот е во сенка, а сонце има само пред крајот на денот, токму кога најмногу ви треба. Останатиот дел од денот гледа во прекрасниот град Крушево. Има многу интимна атмосфера и совршена свежина за време на жешките лета во Македонија. Имате чувство како да седите на најтивкото и најмирното место на светот.

Regina Glas - German Hang Gliding Team

Body

За време на светското првенство 2018 во Крушево, нашиот голем тим беше сместен во Хотел Монтана. Услугата беше одлична и луѓето во Хотел Монтана постојано ни помагаа за се што ни требаше. Едно е сигурно, ќе се вратиме повторно. 

Regina Glas, German Hang Gliding Team DHV

 

Сретен Коцески - ИРЗ Тетово

Body

Како позната невладина организација во Македонија работевме на многу проекти, потпирајќи се на Хотел Монтана во сместувањето на многу групи на гости за нас. Имавме одлична соработка, што нам ни овозможи да се фокусираме на сржта на проектот, со целосна доверба дека хотелот ќе се погрижи за сите наши гости. 

Сретен Коцески, ИРЗ Тетово

Зденка Николовска - Американски Совети за Меѓународно Образование

Body

Локацијата на хотелот е одлична и нуди спектакуларен поглед над Крушево. Услугата во хотелот е супер и храната е од далеку најдобрата во регионот! Менаџментот на хотелот беше многу флексибилен за сите наши потреби и се погрижија за сите наши специфични барања.

Зденка Николовска, Американски Совети за Меѓународно Образование

Тим билдинг - дводневен пакет

Тимско Готвење во Хотел Монтана

Ако имате само два дена за вашите вработени го имаме вистинскиот продукт за вас. Ова е интензивен тим билдинг пакет каде секоја минута е значајна во патот кон подобар тим и повеќе забава. 

Добредојдовте во Хотел Монтана

Pub Summer Terrace

Добредојдовте на нашата нова веб страна. Ја дизајниравме на тој начин да може најдобро да го рефлектира нашиот хотел и нашите напори да ви овозможиме пријатно искуство во Хотелот Монтана.

Малото црвено Фичо

Krusevo Oldtimer Fico

Добар пријател на Хотел Монтана не посетува со еден сладок, мал, црвен автомобил. Кога доага возејќи се во својот стар-нов автомобил, нема гостин во хотелот чие внимание не го привлекува. Многу од нашите гости пробале да го изнајмат за еден ден, но бидејќи сопственикот со душа го има реновирано автомобилот, не ни помислува да го изнајми за било каква цена. 

Илинденски коктел за нашиот Претседател

Buffet Table

Летото е на самиот врв. На тој врв доаѓа нашиот најголем празник Илинден. Оваа година имавме шанса да се покажеме во најдобро светло и да припремиме Илинденски коктел за нашиот Претседател. Овој празник е исто толку важен за државата колку што е важен за религиските институции. Одбележува неколку обиди за креирање на држава за Македонскиот народ. Првиот таков обид бил во 1903 година. Резултирал со првиот обид за демократија на Балканот. Била креирана држава со еднакви права за секој граѓанин.

Рестарт на трките во Крушево 2018

Racing Spoiler

Тркањето се враќа во Крушево. Оваа 2018 година ќе биде рестартот на овој настан. Целокупната организација на трката ќе трае два дена, а натпреварувачите ќе возат на некогаш традиционалната и атрактивна патека која се протега на патниот правец с. Острилци - Мечкин Камен, во должина од 7.2 км.

Оваа трка повторно се одржува во Крушево после пауза од 10 години. Главната трка ќе се одржи на 05.08.2018 во 11:00. Базата на организацијата е поставена на паркинг во близина на нашиот Хотел Монтана, со што ја поддржуваме трката на секој можен начин.