Бесплатен & Брз WiFi

Lobby Wifi

Ние сме свесни дека значењето на поврзаноста е на највисоко ниво. Стана една од најважните карактеристики на еден хотел. Затоа со посебно внимание се посветивме кон овој проблем. Инвестиравме значајни ресурси. Ова резултираше со исклучително добра интернет поврзаност. Каде и да се движите низ хотел, Интернет конекцијата е со Вас. Секоја соба е покриена со силен WiFi сигнал на секој кат. 

Бесплатен паркинг

Parking Map

Кога престојувате во Хотел Монтана никогаш не морате да се грижите за паркинг. Нашиот бесплатен паркинг е јавен, засега немаме опција за приватен паркинг. Дури и ако организирате група што доаѓа со автобус има доста место. Улицата е претежно користена од гости на хотелот и ретко за други намени, па можете да очекувате многу малку сообраќај. Колите и другите возила никој не ги вознемирува. Во случај на огромни настани кога паркингот на улица е преполн, во близина има игралиште кое го користиме за паркинг.

Домашна Храна

Traditional Krusevo Buffet Table

Нашиот мал град Крушево има долга традиција за домашна храна. Има уште повеќе луѓе што уживаат во неа. Имаме рецепти кои се враќаат назад низ вековите и нудат уникатни продукти. Ако сакате да започнете разговор, темата храна е секогаш добар почеток. 

Домашната храна што ја спремаме во нашиот хотел е целосно подготвена во хотелот. Систе состојки се купени на локалните пазари. Ставаме приоритет на квалитетот на состојките пред се друго. Кифли, колачи, ѓевреци, многу видови на домашни слатки, торти, зготвена храна, се е припремено од нашиот посветен тим на готвачи. 

Организирање на бизнис настани

Large Meeting Area in Hotel Montana

Нашиот Хотел Монтана е идеална локација за Вашите бизнис настани. Лоциран е на тивка локација, на врв на нашето мало Крушево. Имате одвоен пат кој што води до нашиот хотел, одвојувајќи го од остатокот од градот. Хотелот самиот по себе е огромен. Нуди мноштво простории за избор каде можете да ги одржувате Вашите бизнис настани. Имаме одлична услуга, персонал секогаш тука за Вашите потреби. Нашиот хотел е исто така опремен со супер брза Wi-Fi конекција. Одредени локации се покриени со AC Wi-Fi тип на конекција.

Сместување во Хотел Монтана

Double room in Krusevo

Хотел Монтана Палас има 77 прекрасни соби за сместување, опремени да ги задоволат потребите на современиот турист. Ако сте заинтересирани за бројот на секој тип на соба, еве една добра табела за вас:

Прослави во Крушево

Wedding Decoration

Ја разбираме важноста на вашите специјални моменти. Многу луѓе до сега ни ги довериле нивните прослави. Секогаш даваме се од себе за да се максимизира нивното искуство.  

Дозволете ни да ви помогнеме со организирањето на вашиот посебен ден. Дали е тоа свадба, роденден, бизнис прослава или било каков друг важен момент. Ова е листа на услуги каде што можеме да Ви помогнеме: