тераса

Конгресна Сала во Крушево

Конгресна Сала во Хотел Монтана во Крушево

Нашиот хотел има посебен оддел изграден за големи бизнис настани. Главна карактеристика е огромната конгресна сала со 330 седишта. Со цел поддршка на такви поголеми настани целиот оддел има посебен влез од хотелот. Посебен ходник за прием Ве води директно во конгресната сала. На другиот крај на конгресната сала можете да најдете убава тераса со поглед на Крушево. Терасата е сосем голема за да се организира кафе пауза доколку е убаво времето. 

Хотелски Паб со камин

Хотелски Паб во Крушево

Хотел Монтана Палас има прекрасен хотелски паб со магичен поглед. Ентериерот е дизајниран во стил рустика, со темно дрво. Исто така има и камин за зимски периоди. Нема подобро место за во зимски период во целиот регион. Вашите мали деца може да бидат среќни во нашата игротека, заграден дел, како Вие би уживале во Вашиот престој. 

Голема просторија за состаноци

Голема просторија за состаноци

За организирање на многу едукативни настани и тим билдинг настани имаме голема просторија за состаноци, со огромна тераса со поглед према Крушево. Седењето може да се направи на повеќе начини, и зависно од аранжманот може да се сместат од 20 до 100 гости. 

Лоцирана е еден кат под нашето лоби. Локацијата ја прави оваа просторија многу тивко место. Големата просторија за состаноци има и свој сет на тоалети како би се намалило времето потребно за паузи.