Хотел Монтана Палас

ул. Питу Гули, бб,

7550 Крушево, Македонија

Телефон: +389 (0)48 477-121

                +389 (0)76 444-102

E-mail: info@montanapalace.com

Меѓу природата Montana Palace HOTEL Home РЕЗЕРВИРАЈ Истражи ја дестинацијата
ХОТЕЛ ГАЛЕРИЈА
ДОМА Услуги Котакт Крушево
Храна MICE Тим Билдинг Авантури
Брза Wi-Fi  Конекција Car Rental / Shuttle
Тим билдинг

НЕМА НИШТО ПОУСПЕШНО ОД ДОБАР ТИМ

Нудиме програми предводени од експерти, повеќето психолози со искуство на полето на развојот на човечки ресури и потенцијал.


Има можност низ креативни активности, тим да пронајде решенија за одредени проблеми и да извршува задачи кои што можат да се завршат само преку тимска работа, комуникација и заедничко одлучување.

Тим билдинг во Хотел Монтана Палас Крушево Македонија

ТИМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ

Има разни тимски предизвици, креативни тимски игри кои што ќе го однесат Вашиот тим до лимит.

Секоја игра е дизајнирана да му ја даде најдобрата шанса за победа на тимот каде што учесниците соработуваат, работат, комуницират и се разбираат.

Игрите како такви се изведуваат во близина на самиот хотел, зависно од времето. Опремата ќе биде обезбедена и инструктор ќе биде со вас целиот период.

ЛОВ НА БОГАТСТВО

Искористете ги мноштвото легенди за Крушево, и пуштете го вашиот тим да лови.

Ќе Ви обезбедиме лекции и паметни трагови, како и околина каде што најдобриот и најфокусиран тим ќе стигне до крај.

Крушево крие специјален свет од минатото и на некој прекрасен начин живее во сегашноста. Ќе имате шанса да отидете низ легендите од отоманските времиња за да најдете траги и да дојдете до крајната точка.

ТИМСКО ГОТВЕЊЕ

Шанса за возбудлива тимска лекција.

Ќе Ви обезбедиме шеф инструктор и друг персонал за поддршка за да ги води учесниците низ ова искуство. Зграпчете ја шансата за да научите нешто ново и малку забава.

Наградете се со вкусен оброк. Тимот ќе се изненади од резултатите и задоволството од припремањето на свој оброк.

КАРАОКЕ

Ова е метод со низок ризик за да му помогнете на Вашиот тим да функционира подобро како група од различни индивидуи. Менаџерот ќе посматра како индивидуалци функционираат кога треба доброто на групата да се стави над личниот интерес за да се постигне посакуваната цел. За да успее во натпреварот, тимот мора да работи заедно. Мора да идентификуваат талент од групата и да ја назначат најдобрата личност за задача. Во овој случај задачите вклучуваат пеење, танцување, можеби и костуми и организација.

Караоке во Хотел Монтана Палас во Крушево

ПЕИНТБОЛ

Оваа адреналинска игра со брза акција и стратегија ќе Ви даде одлична шанса да го нападнете бункерот со ревизори или да го изненадите шефот без последици!

Секој од Вашите пријатели и колеги добива полуавтоматска пушка која што испукува обоени топчиња, многу обоени топчиња и заштитна опрема.

Има многу терени за игра, но најдобриот терен е страшната шума над хотелот.

Paintball around Hotel Montana Palace Krusevo Macedonia Team Building in Hotel Montana Palace Krusevo Macedonia Treasure Team cooking in Hotel Montana Palace in Krusevo Macedonia
Во партнерство со