Општи услови

Следниве Општи Услови се применливи на сите резервации направени преку оваа веб страна. Ве молиме за момент да ги прочитате пред да извршите резервација.

Правното лице влегува во овој Договор како главна страна за резервации направени за хотелот кој што го поседува и како агент каде што се извршуваат резервации за Хотел кој што го раководи во името на Хотелскиот Сопственик. Потврдата за резервации јасно ќе го прикажува идентитетот на Сопственикот.

Во овие Општи Услови следниве дефиниции се применливи:


1. Дефиниции

„Правно Лице“ или „ние“ значи АД Монтана Бизнис Крушево чие што регистрирано седиште е на ул. Питу Гули бб, 7550 Крушево, Македонија или соодветно правно лице од иста групација.

„Резервација“ значи резервација за сместување, активност или било кои други услуги или добра направена кон нас.

„Договор“ е Резервацијата заедно со овие Општи Услови, и/или други Општи Услови наведени при Резервирање.

„Хотел“ значи имот за во кој што се прави Вашата Резервација.

„Услови“ се овие Општи Услови.

„Веб страни“ значи www.montanapalace.com или било која друга веб страна во сопственост или управувана од нас времено поврзана со Хотел.

„ДДВ“ значи Данок на Додадена Вредност.


2. Резервации

Сите резервации во Хотелот се предмет на овие Општи Услови.

Во моментот на резервирање или пријава, ние ќе земеме детали од Вашата кредитна / дебитна картичка а Вие ја одобрувате употребата на таа картичка за било која сума која што ќе се должи према нас. Ние исто така ќе имаме право да бараме полна уплата унапред или депозит во моментот на резервирањето во одредени околности или ако Резервацијата вклучува достава на одредени добра или услуги. Ниту една резервација нема да се третира како потврдена се додека деталите и/или уплатата/депозитот опишани во овој пасус не се обезбедат.


3. Трошоци

Цените прикажани на Веб страните се просек од ноќевање по лице се додека не се направи конкретен избор. Сите давачки како ДДВ (според моменталната стапка) или туристичка такса се вклучени се додека тоа не е поинаку специфицирано. Минимална должина на престој, депозит, трошок за откажување и други услови може да бидат применливи кон одредени цени, според спецификација. Откако ќе се избере цена на Веб страните, вкупниот износ за Вашиот баран престој ќе се прикаже во резимето на Вашата резервација. Наплатата ќе се врши во локалната валута на Хотелот, а било која валутна калкулација може да се користи само како алатка за процена, погледнете ја Валутната Клаузула за повеќе детали.

ДДВ е индикативно врз основа на моменталната стапка на ДДВ, и очекуваниот ДДВ третман на добрата или услугите. ДДВ ќе доспее според моменталната стапка применлива во моментот на фактурирање или издавање на потврда за Резервација, и може да се промени во зависност од актуелната стапка и ДДВ третманот на добра и услуги купени во тој датум.

Ценовник за дополнителни добра, како ресторански оброци или собна услуга, се прикажани на релевантни локации во Хотелот и се достапни на барање.


4. Време за Пријава / Одјава

Во интерес на безбедност и избегнување измама, во моментот на пријава, гостите задолжително мора да го потврдат својот идентитет со обезбедување на референца од резервација и нивни пасош/лична карта/возачка дозвола. Ако гостите се надвор од Македонија ние сме задолжени со закон да им побараме број и место на издавање на нивниот пасош / лична карта. Овие записи ќе се чуваат најмалку 12 месеци и може да се достават или обезбедат за инспекција на било кој полицаец или според законските прописи поврзани со превенција или истражување на криминал. Информациите погоре може да бидат побарани за секој член од Вашата група со возраст над 16 години и ние го задржуваме правото да одбиеме прием на лица кои што не можат да ги обезбедат горенаведените информации.

Се додека не е поинаку прикажано на потврдата за резервација, Гостите може да се пријават во било кое време по 13:00 часот на денот на пристигнување. Сите соби кои што се обезбедени со кредитна / дебитна картичка или претплатени во моментот на резервирање ќе се задржат до 22:59 на денот на пристигнување освен доколку е поинаку договорено со Хотелот. Било која необезбедена резервација ќе се задржи до 16:00 на денот на пристигнување по кој што момент хотелот ќе има право да ја реиздаде собата, освен во случаи кога гостинот го известил хотелот за касно пристигнување.

На денот на заминување ги замолуваме гостите да ги напуштат собите до 11:00 (освен во случаи кога касното напуштање е наведено како дел од Вашата резервација). Касното напуштање е предмет на достапност и ќе се наплати по час на дискреција на Хотелот.

Собите се предмет на правила за максимален број на луѓе поставени од страна на Хотелот. Ако Ви требаат повеќе детали ве молиме контактирајте го Правното Лице или Хотелот.


5. Плаќање


Ги прифаќаме следниве методи на плаќање: кредитни картички: Мастеркард, Виза; дебитни катрички - Маестро, Виза/Делта и Виза/Електрон и готовина.

Во моментот на пристигнување ќе ја авторизиме картичката за износот на престој (цената на собата, ДДВ и други трошоци за услуги) и очекувани трошоци за траењето на Вашиот престој. На дискреција на хотелот може да прифатиме депозит наместо авторизација на картичка во форма на готовина.

За време на Вашиот престој Хотелскиот систем ќе ги пресметува додатните услуги кои што одат на соба на дневна основа. Ако трошокот на овие услуги ја надминува авторизацијата од пристигнување, понатамошна авторизација ќе биде дополнително побарана а ако таква авторизација не е достапна, можеме да побараме друг начин на порамнување или готовински депозит. Во спротивно го задржуваме правото да го ограничиме пристапот кон Вашата соба.

Сите преостанати трошоци мора да се платат во полн износ при одјава од Хотелот. Ако преостанатите трошоци не ја надминуваат авторизацијата земена при пријавување, авторизацијата за износот кој што не е искористен ќе биде ослободена, како и да е, не можеме да контролираме колку долго ќе и треба на Вашата банка да го реализира ослободувањето. Ако останувте повеќе вечери во Хотелот може да побараме уплата за определени услуги пофреквентно за време на Вашиот престој.


6. Политика за откажување и непојавување

Политиката за откажување варира во однос на цената по која што е резервирано. Ве молиме погледнете го описот кај цената даден при резервирање.

За цени обележани како „Флексибилни“ - Овие резервации може да се откажат до 14:00 по локално време седум дена пред денот на пристигнување. Трошоци за откажување или непристигнување се применливи по овој период и ќе се наплатат од кредитна / дебитна картичка дадена во моментот на резервирање. Го задржуваме правото да наплатиме за првото ноќевање од резервацијата ако горните услови за откажување не се исполнат.

За цени обележани како „Напредно Штедење“ - Ќе бараме полна уплата за целиот престој во моментот на Резервација и овие се неповратни средства а Резервацијата без можност за откажување. Претплатата ќе се наплати од кредитната / дебитната картичка дадена во моментот на Резервирање. Откажување или непристигнување ќе резултира во откажување од средствата.


7. Наплата или Откажување од страна на Хотелот

Многу ретко ќе имаме потреба да ја откажеме Вашата Резервација. Во такви околности ќе Ви бидат вратени сите средства и нема да имаме понатамошна одговорност кон Вас која што би потекнувала од вакво откажување. Како и да е ќе направиме разумни напори и обиди да ја реалоцираме секоја потврдена резервација откажана од наша страна на алтернативна локација слична во стандард како Хотелскиот.

Вашата резервација е за генерална класа на Хотелска соба и не Ви гарантира дека ќе Ви биде одобрено да останете во специфична соба или во истата соба за време на целото траење на Вашиот престој. Ако има потреба да Ве преместиме во различна соба за време на Вашата резервација за соба во која што е достапна и пониска цена од цената по која што сте резервирале, ќе Ве рефундираме за разликата во цени.


8. Штета

Го задржуваме правото и Вие тука ни одобрувате да наплатиме од Вашата кредитна или дебитна картичка за секоја штета направена во Вашата соба или во Хотелот за време на Вашиот престој (вклучително но и без ограничување на потреба од специјално чистење) или за ставки кои што недостигаат по Вашето заминување.


9. Пристап

Во зависност од Вашите индивидуални потреби селекција на специјално дизајнирани соби ќе се обезбеди во нашиот Хотел.

Ве молиме контактирајте ја Рецепцијата на +389 (0)48 477-121 за разговор за специфични индивидуални потреби и достапност на соодветно сместување, и ќе направиме се за да ги исполниме Вашите потреби.


10. Одмор и опуштање

Гостите кои што престојуваат во нашиот Хотел можат да го користат клубот за бреме на нивниот престој. Услов за користење на просториите е да се придржувате со правилата на клубот. Копија од истите е достапна на рецепција. Може да се бара за користење на некои простории, Ве молиме прашајте во Хотелот за повеќе детали.

Децата под 18 години мора да бидат придружувани од возрасно лице во секој момент.

Во одредени моменти, дел од хотелот може да е недостапен заради реновирање, лоши временски услови или други причини вон наша контрола. Ќе се обидеме да ги информираме сите хотелски гости за ваквите околности, како и да е ова може да не е секогаш возможно. Ако некоја просторија е причина за Вашиот избор на овој Хотел, Ве молиме проверете директно со Рецепцијата пред пристигнување.


11. Паркинг

Може да има цена и/или ограничување на простор на паркингот за време на Вашиот престој. Општи услови може да бидат применети за паркингот. Ве молиме директно контактирајте го Хотелот за повеќе информации. Возилата и нивната содржина се оставаат на ризик на сопственикот на истите. Не прифаќаме одговорност за загуба или штета (ако не е поинаку искажано со закон).


12. Хотелски Настани

Ве молиме бидете свесни дека во одредени моменти во текот на годината Хотелот може да биде домаќин на свадба, настан и забава, кои што можеби ќе го нарушуваат Вашиот одмор. Ве молиме контактирајте го Хотелот директно пред Вашето доаѓање за повеќе информации.


13. Однесување на гостите

Гостите мора да се однесуваат соодветно во секој момент, во согласност со правилата на Правното Лице и/или барањата во однос на однесувањето кон имотот на Хотелот, вработените и гостите и нивното здравје и заштита. Од Гостите се бара да не го нарушуваат комфорот и уживањето на другите гости, работењето на Хотелот, или да ги навредуваат другите гости или персоналот. Го задржуваме правото да одбиеме сместување или услуги или да Ве отстраниме со другите членови од групата од Хотелот ако, по наше разумно мислење, сметаме дека ова правило е прекршено. Каде што ова е случај ние нема да имаме обврска да Ве рефундираме за загубеното сместување, други услуги или друга загуба или направени трошоци.


14. Забрането пушење

На гостите им е забрането да пушат во собите или другите јавни простории.


15. Деца

Сите деца (лице под 16 години) кои што ќе престојуваат во Хотелот мора да се придружувани од страна на возрасен и мора да бидат надгледувани од возрасен во секое време.

Достапни се бебешки и екстра кревети. Како и да е, овие се лимитирани и предмет на достапност. Дополнителни средства може да бидат побарани. Ве молиме проверете при резервирање.


16. Миленичиња

Кучиња водичи се прифатливи со претходен аранжман, а другите кучиња може да бидат прифатени, тоа е дискреција на Хотелот, но во спротивно миленичињата не се дозволени во Хотелот.


17. Лични информации

Телефонските повици може да се снимаат во одреден период за наша помош за услугата која што Ви ја нудиме.

Сите лични информации кои што се складираат и користат од наша страна се во согласност со нашата Политика за Приватност, која што е достапна на барање или на нашата веб страна.


18. Виша Сила

Правното Лице не прифаќа одговорност и нема да плати надокнада каде што извршувањето на своите обврски е спречено или под влијание директно или индиректно од или како резултат на Виша Сила или околности вон разумна контролва вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: поплава, земјотрес, екстремни временски услови, природни катастрови, други Господови акти, акти на тероризам, пожар или пад на електрична мрежа, вода или други комунални услуги, компјутери, возила или колапс на зграда.


19. Ограничување на Одговорност

Правното Лице нема да одговара за загуба или оштета на било каков имот оставен во Хотелот, освен во рамки на законските норми во Р. Македонија.

Правното Лице нема да биде одговорно за било каква индиректна, последична или чиста економска загуба или загуба на профит, добра волја или можност (без обзир дали е причинета од небрежност на Правното Лице, неговите вработени, изведувач, агент или слично). Вкупната одговорност на Правното Лице нема да ја надмине вредноста на направените трошоци во Хотелот според овој Договор.


20. Владини Закони и Јуриздикција

Договорот и било кои не-договорени обврски кои што потекнуваат од договорот се предмет на Македонските Закони.

Македонските судови имаат ексклузивна јуриздикција за одредување на било кој спор поврзан со Договорот, вклучувајќи и спорови поврзани со било кои не-договорени обврски.

Секоја страна неотповикливо се откажува на било каков приговор кој што би го имале сега или покасно во однос на случаи изнесени на Македонските судови (на основа дека Македонските судови не се соодветни или слично).


21. Информации на Веб Страна

Иако сите разумни напори се направени за да се осигури точност на информациите на Веб Страните, Правното Лице не прифаќа одговорност за грешки или пропусти и го задржува правото да дополни, откаже или измени било каков аранжман прикажан на Веб страните без претходно известување. Ве молиме забележете дека во одредени околности се користат генерички фотографии за приказ на општ стил или одреден призвод или Хотелот.

Содржината на Веб Страните е заштитена од страна на Правното Лице, и не може да се копира, репродуцира, објавува, дистрибуира или дополнува за било какви други цели без претходно издадена писмена согласност.

Логото кое што се користи на Веб Страните е сопственост на Правното Лице. Линковите до веб страни на трети лица се обезбедени за Ваша практичност. Не можеме да прифатиме одговорност за содржината или употребата на веб страните на тие трети лица.

Веб Страните се одржуваат од страна на Правното Лице.