Бесплатен & Брз WiFi

Бесплатен & Брз WiFi кој што ќе ги покрие сите Ваши потреби за поврзаност.

Lobby Wifi

Ние сме свесни дека значењето на поврзаноста е на највисоко ниво. Стана една од најважните карактеристики на еден хотел. Затоа со посебно внимание се посветивме кон овој проблем. Инвестиравме значајни ресурси. Ова резултираше со исклучително добра интернет поврзаност. Каде и да се движите низ хотел, Интернет конекцијата е со Вас. Секоја соба е покриена со силен WiFi сигнал на секој кат. 

Ние исто така разбираме дека и најдобриот WiFi нема да направи ништо со слаба Интернет конекција. Затоа побаравме локален провајдер да го поврзи Крушево со оптички кабел кој доаѓа директно во нашиот хотел. Комплетниот линк има капацитет од 200 Mbit/s download и upload. Ова е повеќе од доволно дури и кога хотелот е сосема полн. 

WiFi за Вашите Бизнис Настани

Разбираме дека сериозни бизнис настани имаат потреба од стабилна Интернет конекција. Затоа се погриживме Интернетот да функционира дури и кога се поврзани многу луѓе. Можете да имате стотици гости во хотелот да работат захтевни задачи, Интернетот нема да ги изневери. 

Некои бизнис простории имаат AC WiFi. Постабилно и побрзо е од обичното WiFi. Доволно е стабилно за стриминг во живо. Може да направи повеќе конекции во секој момент. Планираме да го покриеме целиот хотел со овој тип на конекција во блиска иднина. 

WiFi

Жичана Ethernet Конекција

Нашата конгресна сала има две жичани Ethernet конекции. Настаните тука често бараат стриминг во живо. Брзината која што може да се носи преку оваа конекција е 1 Gbit/s. Можеме исто така да средиме Вашиот сообраќај да има приоритет во нашата мрежна инфраструктура. Со претходна консултација за безбедност, можеме да отвориме и порта на нашиот рутер за специфични цели за Вашиот настан.

Резервирај СегаБизнис НастаниКонгресна Сала