Томе Христоски - Градоначалник на Крушево

Body

Во текот на мојот мандат од средина на 2018 имавме одлична соработка со Хотел Монтана. Тие се од голема помош за развојот на Крушево како туристичка дестинација. Истовремено тие се критичен дел од секој туристички и друг настан во Крушево.

Белград Саем за Туризам 2019

Белград Саем 2019

Со гордост објавуваме за нашите први интернационални маркетиншки напори. Се одлучивме да се презентираме на Белград Саем за Туризам 2019 во Србија. Ни сме дел од Македонскиот штанд. Заедно сме со многу од нашите колеги кои што го презентираат потенцијалот на Македонија и Крушево.

Овој саем трае од 21.02.2019 до 24.02.2019. Секоја година има илјадници посетители кои бараат места за одмор, забава и бизнис.

Иван Јованов - Фондација Конрад Аденауер

Body

Соработуваме со Хотел Монтана во последните 15 години за нашите тренинзи и семинари.

Местото нуди комодитет и простор за големи групи. Персоналот е топол и пријателски а варијацијата на храна и традиционални јадења го прават ова место идеално.

Мала Просторија за Состаноци

Мала Просторија за Состаноци

Оваа слатка и мала просторија за состаноци е дизајнирана за Вашите помали групи. Се наоѓа веднаш до нашиот ресторан и тоа е главниот бенефит за користење на оваа просторија. Доколку сте со кратки рокови можете да ја добиете комплет храна и пијалаци за кафе паузи и паузи за оброк, внатре во просторијата. Доколку седењето не го дозволува тоа можеме да организираме кафе и други пијалаци да се постават на посебна маса која што нема да смета на настанот. 

Димитар Ѓорѓиевски - Enjoy Macedonia

Body

Имаме одлична соработка со тимот на Хотел Монтана во последниве 5 години на многу тим билдинг проекти и други едукативни активности. Кога ги праќаме нашите клиенти во овој хотел, знаеме дека се во добри раце. 

Димитар Ѓеорѓиевски - Enjoy Macedonia

Параглајдинг и змајарство во Крушево 2018

Змајар над Крушево 2018

Ова лето 2018 е при крај. Имавме задоволство да работиме со пилоти од областа на параглајдинг и змајарство од секое ќоше на светот. Крушево е сега светла точка на светската мапа за овие две активности. Тоа е директен резултат на долгогодишна напорна и чесна работа. Заслуги за целиот тим на Хотел Монтана, организаторите на овие настани и официјалните лица на Општина Крушево.

Конгресна Сала во Крушево

Конгресна Сала во Хотел Монтана во Крушево

Нашиот хотел има посебен оддел изграден за големи бизнис настани. Главна карактеристика е огромната конгресна сала со 330 седишта. Со цел поддршка на такви поголеми настани целиот оддел има посебен влез од хотелот. Посебен ходник за прием Ве води директно во конгресната сала. На другиот крај на конгресната сала можете да најдете убава тераса со поглед на Крушево. Терасата е сосем голема за да се организира кафе пауза доколку е убаво времето. 

Мала канцеларија за бизнис настани

Мала канцеларија во Хотел Монтана

Нашиот хотел има мала канцеларија коај што е блиску до другите простории. Оваа канцеларија се загрева многу лесно. Може да се резервира со кратка најава. Локацијата е веднаш спроти пабот на другата страна од ходникот кој што води до конгресната просторија. Канцеларијата е флексибилна и може да се користи за многу цели. 

Хотелски Паб со камин

Хотелски Паб во Крушево

Хотел Монтана Палас има прекрасен хотелски паб со магичен поглед. Ентериерот е дизајниран во стил рустика, со темно дрво. Исто така има и камин за зимски периоди. Нема подобро место за во зимски период во целиот регион. Вашите мали деца може да бидат среќни во нашата игротека, заграден дел, како Вие би уживале во Вашиот престој.