Малото црвено Фичо

1
min read
A- A+
read
Krusevo Oldtimer Fico
Krusevo Oldtimer Fico
Krusevo Oldtimer Fico

Добар пријател на Хотел Монтана не посетува со еден сладок, мал, црвен автомобил. Кога доага возејќи се во својот стар-нов автомобил, нема гостин во хотелот чие внимание не го привлекува. Многу од нашите гости пробале да го изнајмат за еден ден, но бидејќи сопственикот со душа го има реновирано автомобилот, не ни помислува да го изнајми за било каква цена. 

Застава 750 е името на моделот, но најчесто граѓаните на Југославија го викале Фичо. Тоа е супермини од српскиот производител на автомобили Завод Црвена Застава во Крагујевац. Било верзија од Фиат 600 направено под лиценца од 1962, но подолго во должина од Фиат верзијата.