Летото е на самиот врв. На тој врв доаѓа нашиот најголем празник Илинден. Оваа година имавме шанса да се покажеме во најдобро светло и да припремиме Илинденски коктел за нашиот Претседател. Овој празник е исто толку важен за државата колку што е важен за религиските институции. Одбележува неколку обиди за креирање на држава за Македонскиот народ. Првиот таков обид бил во 1903 година. Резултирал со првиот обид за демократија на Балканот. Била креирана држава со еднакви права за секој граѓанин. За жал оваа држава траела само 10 дена. Силите против демократија биле далеку побројни од просветлените луѓе од Крушево. Тие го срушиле овој обид доста брзо.
Другиот обид бил за време на празникот Илинден, 02 Август 1944. Собранието АСНОМ било успешно. Резултирало со креирање на Република Македонија како дел од Југославија. Исто така било поставено постоењето на Македонскиот јазик. Ова било невозможен чекор за време на претходните окупатори на Македонските територии.
Ова е доста важен празник за Македонија. Како таков секогаш се одбележува во Крушево. Понекогаш има и присуство на високи владини претставници. Таков беше и случајот и оваа 2018 година, кога бевме почестени со присуството на нашиот Претседател.
Илинденски коктел - детали
Гордо Ви презентираме мали детали од подготовките на нашиот најдобар Илинденски коктел досега. Тоа е коктел достоен за еден Претседател. Овој коктел е мешавина од нашата традиционална, локална кујна, помешана со селекција на интернационални јадења. Посебно внимание беше посветено на декорација и аранжман на овошјата. Заради тоа што беше дождлив ден, нашата отворена тераса немаше да функционира. Затоа го прередивме пабот во хотелот. Пабот има прекрасен поглед врз цело Крушево. Простор за седење не беше оставен. Беше предвидено сите гости да стојат и да се дружат, додека уживаат во традиционалната храна и домашно произведените пијалаци.
Заврши со многу задоволни гости, ветувајќи нетрпеливо да го очекуваат следниот празник Илинден.
- Log in to post comments